| |

ОДБИЕНО БАРАЊЕТО ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „27 АПРИЛ“

Судијката Добрила Кацарска го одби барањето на одбраната на обвинетите за настаните во Собранието на 27 април, за одложување на судењето и најави дека рочиштето ќе трае и по работното време на судот.

Адвокатите на обвинетите побараа увид во доказите на Јавното обвинителство, со образложение дека ги немаат добиено сите доказни материјали. Адвокатите сметаат дека дел од тие докази можат да бидат клучни во постапката. На денешното прво рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април лани присуствуваат сите 33 обвинети. Тие одговараат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

На обвинителната клупа во судот се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска – Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

 



Слични Објави