ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИКОТ ЛУАН ЗЕНКИ ВО КАВАДАРЦИ
„Фрагменти од фолклор“ е насловена изложбата на познатиот ликовен уметник од Гостивар Луан Зенки, која денеска (22 август), во 20 часот, ќе биде отворена во Музеј галерија Кавадарци…
Во рамки на изложбата ќе бидат презентирани 34 дела масло на платно и акрил на платно. За делата на Луан Зенки ќе зборува познатиот уметник и професор Решат Амети од Гостивар.
Изложбата која е дел од настаните во склоп на Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци – Михајлово 2018“ посветена на познатиот уметник Ристо Соколов Сокол, е во организација на Домот на култура “Иван Мазов – Климе“ и Музеј галерија Кавадарци, а финансиски е подржана од Министерството за култура

