| |

Одбраната ги бара Мијалков и Јанкуловска како сведоци во случајот „Сопот“

Фокус јавува дека адвокатот Насер Рауфи, кој ги застапува обвинетите во случајот „Сопот“, по денешното рочиште во Кривичниот суд изјави дека доколку дозволи Судот, како сведоци на наредните рочишта ќе бидат повикани поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за внатешни работи, Гордана Јанкуловска.
Овој случај го презеде Специјалното јавно обвинителство, бидејќи беше предмет на разговори во „бомбите“ што ги објави тогашната опозиција.
Судењето за случајот денеска по 14 години почна од почеток, поради смена на судечкиот совет.
Шестмина од обвинетите повторно се изјаснија за невини. На четворица, пак, ќе им се суди во отсуство. Следното рочиште е закажано за втори март, кога исказ треба да дадат пет полициски службени лица.

 

Слични Објави