|

Одбрележуваме 78 години од убиството на членот на ЦК на ВМРО, близок соработник на Иван Михајлов и „Праведник на светот“ Владимир Куртев

На 7-ми јуни 1946 г. во Софија од комунистичките власти во Бугарија е убиен револуционерот и член на ЦК на ВМРО ВЛАДИМИР СПИРИДОНОВ КУРТЕВ, прогласен од Израел за „Праведник на светот“.

Роден е 1888 г. во Плевен. Во средното училиште учител по физика на Куртев е Иван Гарванов, кој што во 1905 г. го привлекува во ВМОРО и во 1907 г. станува четник во Тиквешко. Се запишува да учи историја и географија на Софискиот универзитет, но го прекинува студирањето за да учествува во четничките акции на ВМОРО. За време на Балканската војна во 1912 г. учествува во ослободувањето на Банско и Сер. Награден е со орден за храброст. Во 1914 г. го завршува универзитетот. Учествува во Првата светска војна и е награден со орден за храброст. Произведен е во чин подпоручик и учествува во борбите при Добро поле. По војната Куртев се населува во Ќустендил и работи како предавач и директор на гимназијата. Во 1925 г. е во кочанската чета која што води неколку битки со србските окупатори. Во 1927 г. е назначен от Централниот комитет на ВМРО за пограничен пунктов началник во Ќустендил. На VIII конгрес на ВМРО, во 1932 г., е избран за член на ЦК, заедно со Иван Михајлов и Георги Настев. На 8-ми март 1943 г. учествува во ќустендилската делегација која што го поставува почетокот на акцијата за спасувањето на Евреите од Бугарија. По комунистичкиот преврат во септември 1944 г. Куртев се крие кај пријатели Евреи во Ќустендил, а потоа во Софија. При акцијата на комунистичката власт против дејците на ВМРО, Куртев е уапсен и убиен без пресуда.

Заради учеството во спасувањето на Евреите, со решение на комисијата од Државниот израелски институт „Јад Вашем“ е прогласен за „Праведник на народите на светот“.

Слични Објави