ОДЛОЖЕНА СЕДНИЦАТА ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА СПАСОВСКИ
Иако се очекуваше, денеска не започна седницата за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Спикерот на Собранието, Талат Џафери ја одложи без да изнесува повеќе детали, но рече дека ќе била повторно ставена на дневен ред.
Интерпелацијата е поднесена е од неколкумина пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според кои, работата на Спасовски не ги оправда очекувањата на граѓаните на Македонија.
