| |

Министерот за образование и наука Красимир В’лчев ќе иницира дебата за забрана на користење на социјалните мрежи од деца под 15 години

Министерот за образование и наука на Бугарија, Красимир В’лчев, најави дека ќе започне јавна дебата за можната забрана на користење на социјалните мрежи од страна на деца под 15-годишна возраст. Според него, ова прашање е од особена важност бидејќи постојат бројни докази за штетното влијание што социјалните мрежи го имаат врз психолошкиот и социјалниот развој на децата, јавува Актуално.

Покрај оваа иницијатива, В’лчев истакна и потреба од промени во Националното надворешно оценување. Тој предложи во тестовите да се вклучат повеќе отворени задачи со практична насоченост. „Сигналот што го испраќаме до наставниците и учениците е да се стекнуваат основните знаења со разбирање,“ рече министерот.

Според него, еден од најголемите проблеми во образовниот систем е тоа што учениците го учат материјалот само за потребите на испитите, без длабоко разбирање. „За да се изградат трајни знаења и вештини, наставниците мора да имаат време за вежби и задачи, но поради премногу амбициозните програми, тоа често не е можно. Понекогаш е подобро учениците да знаат помалку, но да го разбираат тоа, да умеат да ги поврзат знаењата и да изградат цврста основа за идни вештини,“ додаде В’лчев.



Слични Објави