ОДЛОЖЕНО ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА „ТИТАНИК“
Денешното рочиште за предметот Титаник се одложи поради отсуство на обвинителката Лиле Стефанова. Таа го известила Судот дека денеска имала состаноци со оценската мисија на ЕУ која е во земјава и прави скрининг на состојбите во правосудството.
Освен Стефанова во судница не се појави ниту адвокатката по службена должност на бегалецот Никола Груевски, кој е во Будимпешта. И таа известила дека има други обврски.
Ново рочиште е закажано за 22 октомври.
Во „Титаник“ за изборни нерегуларности, покрај Груевски обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко и други.

