| |

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер утринава во 7 часот ја погоди Турција, соопшти Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации.

Епицентарот бил на околу 20 километри од градот Елазиг. Се уште нема информации за евентуални штети.

Инаку, градот Елазиг се наоѓа во сеизмички активно подрачје. На почетокот на годината, овој град беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,4 степени во кој загинаа најмалку 41 лице, а 1.607 беа повредени, потсетува Дејли Сабах.

Турција е меѓу сеизмички најактивните земји во светот, бидејќи се наоѓа на неколку активни линии. Секојдневно во Турција има по десетина послаби земјотреси.



Слични Објави