| |

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ ЛАСКАРЦИ

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица беше одложено поради отсуство на еден од обвинетите кој не можел да присуствува на судењето поради оперативен зафат. Следното рочиште е закажано за октомври.

Првото рочиште за овој случај се одржа пред две недели. За тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот обвинети се сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер, порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски.

„Дејствата на овие обвинети се во директна врска со настапената последица, која резултира со смрт на 16 лица, патници во автобусот, а 38 лица добија телесни и тешки телесни последици. Не постои криминален ребус што не може да се одгатне. Овој настан е кумулација на голем број пропусти што не настанле спонатно“, рече Јакимовски.

Извор: Макфакс



Слични Објави