|

Официјална Софија ќе има претставници на чествувањето за Гоце Делчев: Демерџиев со заменикот ќе положат цвеќе во „Свети Спас“

Официјална Софија утре ќе има свои претставници на чествувањето на 151-годишната од раѓањето на Гоце Делчев што ќе се одржи во црквата Св. Спас во Скопје.

Бугарската делегација ќе ја сочинуваат вицепремиерот и министер за внатрешни работи на земјата, Иван Демерџиев и заменик-министерот Венцислав Катинов, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

„Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и заменик-министерот Венцислав Катинов утре, 4 февруари, ќе положат цвеќе во дворот на црквата Свети Спас во Скопје, Република Северна Македонија. Двајцата ќе му оддадат почит на споменот на Гоце Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање“, се наведува во кусото соопштение објавено на официјалната интернет страница на министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Спасовски и неговиот бугарски колега Иван Демерџиев во понеделникот имаа средба во Скопје во врска со подготовките за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев. По средбата и двајцата изразија уверување дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки и активности за да нема никаков инцидент.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави