ОФИЦИЈАЛНО: МИЛАН ГО АНГАЖИРАШЕ БАКАЈОКО

Милан на официјалната веб-страна потврди дека го ангажираше Тиемуе Бакајоко од Челси. Овој 23-годишен играч пристигнува на позајмица, со право на откуп на крајот на сезоната.

Бакајоко ја почна кариерата во Рен, пред да замине во Монако каде што играше брилијантно, а токму тие настапи го натераа Челси да го купи, но таму не се покажа, па сега ќе почне нова авантура кај „росонерите“.

Бакајоко ќе биде официјално претставен на прес-конференцијата на 17. август во Каса Милан.

Извор: Спортски.мк

Слични Објави