|

ОХРИДСКА БАНКА СТАНА ДЕЛ ОД ГРУПАЦИЈАТА ШПАРКАСЕ

На 4 ноември беше извршена промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје, со што Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ официјално стана новиот сопственик на Банката.

Со стекнување на 91.57 отсто од акциите, Штаермеркише Шпаркасе стана не само најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија, туку и четврта најголема банкарска групација во Северна Македонија со пазарно учество од околу 14 отсто, јавува Нова Македонија.

Оваа трансакција исто така претставува и најголема бизнис инвестиција во регионот оваа година. Двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужуваат повеќе од 132.000 клиенти во земјата, нудејќи им производи и
услуги, како и експертиза која доаѓа од Ерсте Групацијата.

Земајќи го во предвид волуменот на комбинираната банка, сега таа ќе биде позиционирана на пазарот како број два во корпоративниот сегмент и број три во сегментот население. Исто така, со интеграцијата се очекува Банката да биде лидер на пазарот во однос на понудата на производи и услуги.

Штаермеркише Шпаркасе во Северна Македонија е присутна од 2008 година преку својата локална подружница Шпаркасе Банка Македонија, која во моментот има активна од околу 350 милиони евра. Со приклучувањето на Охридска банка во Штаермеркише Шпаркасе, вкупната актива на Банката на македонскиот пазар ќе биде повеќе од 1 милијарда евра.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави