| | |

ОХРИДСКИОТ „ВОЈВОДА“ И 88, 540 БУГАРСКИ ПАСОШИ

Охридскиот „војвода“ кој на последните избори неуспешно го водеше Прилепско-струмичкиот „револуционерен округ“ најверојатно испровоциран од информацијата што ја обелодени бугарското МНР дека 88,540 луѓе од Република Македонија станале и бугарски државјани, влезе во медиумите со прашања упатени до министерката Захариева- „Зошто овие луѓе не земале бугарски пасоши пред Бугарија да стане дел од ЕУ и зошто тие луѓе не живеат во Бугарија?“.

Сосема легитимни прашања, чии одговори имаат за цел се разбира да докажат еден ноторен факт, а имено дека голем број Македонци го докажале своето бугарско потекло, потпишале декларации дека и самите тие се Бугари за да добијат државјанство, а заедно со тоа и пасош со којшто ќе можат слободно да патуваат, да работат или пак да си купат поевтин автомобил од странство. Не верувам дека постои нормален човек од двете страни на границата што ќе го негира тоа. Има се разбира едно нешто што мора да биде спомнато.

Бугарски пасоши за државјани на Република Македонија се издаваат и во времето пред Бугарија да стане дел од ЕУ (1 јануари 2007 г.) . Бугарски пасоши земале и луѓе од Македонија кои никогаш не отишле на печалба во било која од западноевропските земји, некои од нив дури не отишле подалеку од Рилскиот манастир или Софија. Тие луѓе зошто ги земале пасошите? Еве ако може г-нот охридски „војвода“ нека одговори, а ако не може ќе го упатам за консултација кон лица од неговата партија, негови партиски „другари“, пратеници и државни функционери за кои и малите деца знаат дека имаат бугарски пасоши. Тие зошто земале пасоши, г-не охридски „војвода“ многу сиромашни биле, па ги земале за да монтираат гипс-картон низ Европа или пак ги земале за да градат бизниси во соседна Бугарија? Или пак можеби ги земале за секој случај… ако овде им стане тесно да го фатат патот на кај Софија?

Многу прашања уште повеќе варијанти за одговори… лудило!

Тоа лудило г-не охридски „војвода“ не го наметна Бугарија. Тоа лудило си го создадовте вие вмровците на батерии, на кои ќе им се слоши ако некој заколи кокошка пред нив и комуњарите демек социјалдемократи што сега ги води човекот со инфлуенсерската слика со книга во рака снимена во куќата на Блаже Конески во прилепско Небрегово. За Блаже исто така можете да се консултирате со еден ваш партиски другар, па да го прашате, кога внукот на Глигор Соколовиќ од џуџе се претвори во великан.

Луѓето за кои како што велите за парче леб земале бугарски пасоши, можеби немаше да бидат во толкав број ако вие и вашите политички „ривали“ бевте за нијанса две покадарни во водењето на државата. Ако тие за парче леб потпишале декларации дека се Бугари, значи вие и за едно парче леб да им обезбедите не сте биле кадарни и денеска најбесрамно се курчите со тоа, демек многу јако сте ѝ одговориле на Захариева. Кое ниво човече.

Камо среќа да бевте поарни државници, да немаше во Македонија партиски вработувања, рамковни вработени, високи нивоа на корупција, соголување до гола кожа на приватниот бизнис, ужасни услови во државните здравствени установи и за пациенти и за персонал и трошење на пари во најголема криза за стекови од бизони, коњи и разноразни други деликатеси… камо среќа да бевте ама не сте. И вие што сега, со враќање на нешто што уште не е избришано се токмите да се вратите на власт и оние комуњарите што едно велат во Софија, а друго прават во Скопје.

Му се возхитувам на смелоста на охридскиот „војвода“ да зборува за парчиња леб и за бугарски пасоши. Јас до последно се надевав дека е вистинита теоријата на мојата драга професорка Каракамишева дека евакуацијата на Македонците од Македонија се должи на несподелена љубов, а не само на недостатокот на леб… на чесно заработен леб, бидејќи не се сите Македонци навикнати да галат локалнопартискоштапски ташаци за да се најдат на список за вработување на државно. Токму од тие луѓе се и оние кои ете си земале бг пасош ама не оти им се живее во Јамбол, туку оти веќе не можат да ве трпат.

„Војводо“ охридски, порачајте една анкета со следното прашање: Доколку сте македонски и бугарски државјанин, а треба да се откажете од едното државјанство, од кое државјанство ќе се откажете? Одговорите воопшто нема да ви се допаднат и тоа не поради можноста дека сите ќе ги зачуваат бугарските државјанства, туку поради фактот што многу од испитаниците ќе ги чуваат бугарските пасоши додека не стекнат право да станат и државјани на земјата домаќин. Македонскиот пасош никаде не е во игра.

Ете тоа го постигнавте вие г-не охридски „војвода“, вашите колеги војводите на батерии од ДПМНЕ и поранешните комунисти од СДСМ. Знаете што, бугарското МНР го има целото право на светот да ви ги пикне вашите резултати директно во добро ухранетите фаци. И да, ќе ги покажува тие податоци како доказ дека во Македонија навистина има Бугари. Бугари кои за да спасат жива глава од вас, би земале и државјанства на Папуа Нова Гвинеја, само и само за да не се зависни од вашите уцени и лажни ветувања. Курчете се пак на тема пасоши, Захариева ја гледам не може око да склопи од вашите незгодни прашања.

Автор: Атанас Величков



Слични Објави