ОХРИЃАНЕЦОТ ОСМАН ПОТПИША НОВ ДОГОВОР СО КЛИВЛЕНД ЗА – 31 МИЛИОН ДОЛАРИ

Чеди Осман потпиша продолжување на договорот со Кливленд кавалирс на дополнителни четири години и ќе добие огромно зголемување на личните примања.

Според новиот договор, Турчинот со потекло од Охрид ќе заработи вкупно 31 милион долари за четири сезони. Интересно е тоа што во првата година од новиот договор Осман ќе добие 8,6 милиони долари, но потоа ќе се намалува во следните три години.

Во НБА-лигата тој беше драфтуван во втората рунда како 31-ви пик во 2015 година од Минесота, но во најсилната лига пристигна дури во 2017 година и беше трејдуван во Кливленд.



Извор: Спорт1



Претходна статија

МАКЕДОНЕЦ ЌЕ БИДЕ СЕЛЕКТОР НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ВО ЖЕНСКИ ФУДБАЛ!

Следна статија

МАРАДОНА: МУ АПЛАУДИРАМ НА МЕРТЕНС ШТО ГО СРУШИ МОЈОТ РЕКОРД

Најново од Спорт