| |

Окта ќе добие нов газда, Хеленик Петролеум оди на продажба

Мнозинскиот удел на Хеленик Петролеум оди на продажба, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Од Агенцијата за приватизација велат дека се очекува да бидат продадени најмалку 50.1% од најголемата грчка нафтена компанија, која во Македонија ја поседува Окта. Интернационалниот тендер за продажба е објавен пред два дена. Paneuropean Oil поседува 45.5% од Хеленик Петролеум, а државата 35.5%.
Пазарната вредност на Хеленик Петролеум се проценува на 2,6 милијарди евра.

Извор: Емагазин

Слични Објави