ОН: НАД 12.000 ДЕЦА ЗАГИНАЛЕ ЛАНИ ВО ВООРУЖЕНИ КОНФЛИКТИ ШИРУМ СВЕТОТ

/

Повеќе од 12.000 деца се убиени во вооружени судири низ целиот свет минатата година, што е рекорден број од моментот кога е започната оваа статистика во 2005, се наведува во извештај на Обединетите нации.

Вооружените групи продолжуваат да прават прекршоци кога станува збор за децата, но во споредба со 2017 има значително зголемување и на престапите од владите и меѓународните сили, тврди годишниот извештај на ОН, а пренесува агенцијата АП.

Групите за човекови права, вклучително и „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), остро реагираат бидејќи коалицијата предводена од Саудиска Арабија во Јемен и натаму е на списокот на држави кои наводно имаат мерки за заштита на децата на терен.

Хуманитарните организации тврдат дека во Јемен е забележан голем број на деца-жртви за кои директно се одговорни и војниците на таа коалиција.



„Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во 2015 изврши ужасни престапи против децата во Јемен, а нема докази дека ситуацијата во моментов е подобрена. Тоа што уште еднаш се најдоа во ‘не толку лошата’ категорија на сериозни реформатори, e исмејување на извештајот од страна на генералниот секретар (Антонио Гутереш)“, смета официјалниот претставник на ХВР, Луј Шарбон, кој има забелешка и на тоа што Камерун и Украина не се опфатени со извештајот на ОН.

Според извештајот на меѓународната организација, во 2018 година, најмногу деца настрадале во Авганистан – 3.062.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ГРУЕВСКИ СЕ ЈАВИ: НЕ ДАЈ БОЖЕ ПЕТРЕ И ЗАЕВ ДА ИМ ПАДНАТ НА ЛУЃЕТО ВО РАЦЕ ВО НЕКОЈА ТЕМНА УЛИЧКА

Следна статија

СДСМ: УСПЕШНИТЕ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ПОТВРДЕНИ И ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА СТО

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да