ОН: ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ПАНДЕМИЈАТА СО КОРОНАВИРУСОТ СЕ ОПАСНИ ЗА ДЕЦАТА

/

Децата главно се поштедени од најтешките симптоми на коронавирусот, но социјалните и економските последици од пандемијата се потенцијално катастрофални за милиони деца, се наведува во извештајот на Обединетите нации.

Во него се посчува дека епидемијата на Ковид-19 се претвора во голема криза што ги погодува правата на децата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во видео-порака рече дека поради пандемијата, учениците во 188 земји не одат на училиште. Граѓаните се претежно во карантин, семејствата имаат помали приходи, затоа се очекува помалку трошење на здравје и храна, што особено ги погодува децата.



Гутереш рече дека глобалната рецесија која се забрзува како резултат на пандемијата може да доведе до смрт на стотици илјадници деца во 2020 година. Ова, според извештајот, за само една година би го поништило значителниот напредок постигнат во последните две или три години, кога станува збор за намалување на смртноста кај децата.



Претходна статија

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ШТИП: НЕГАТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ДВАЈЦА ИНФЕКТОЛЗИ И ГЛАВНАТА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

Следна статија

ПРЕГАЗЕН 75-ГОДИШЕН ПЕШАК НА УЛИЦА ВО СКОПЈЕ

Најново од Вести