|

Опасен отпад од оловни акумулатори на Орман, инспекторите најавија кривична пријава

Од Државниот инспекторат за животна средина на прес-конференција соопштија дека опасен отпад е фрлен на локација во селото Орман.

„По добивање на овластеното известување на инспектор од Животната средина, направен е вонреден инспекциски надзор на 24 октомври. Утврдивме дека на плац на две физички лица оставена е одредена количина отпад, кој потекнува од рецикал ‘Еко старт’ – Скопје, со А-еколошка дозвола, лоциран на територијата на општина Чучер Сандево. Отпадот е од оловни акумулатори“, рекоа оттаму.

Од Инспекторатот соопштија дека иако постои меѓусебен договор меѓу рецикалот „Еко старт“ и сопствениците на парцелите на локација на приватен имот, несоодветно е транспортиран и складиран отпад на локација што не е наменета за складирање.

„За ваков отпад нема добиено дозвола од Министерството за животна средина, што е казниво во согласност со легислативата. Во следниот период ќе следуваат понатамошни акти во инспекциската постапка, односно решенија со наредба за безбедно враќање на отпадот во кругот на рецикалот ‘Еко старт’ во рок од 60 дена и забрана за работа во време од 90 дена“, дополнија од Инспекторатот.

 



Слични Објави