|

Општина Центар почна со отстранување нелегално поставени објекти и тераси

Општина Центар почна со отстранување нелегално поставени објекти на јавна површина, како што се диви доградби и тераси, со кои се узурпира јавниот простор.

Акцијата почна денеска со отстранување на бесправно изградена барака на улицата Антоние Грубишиќ.

Општина Центар, како што информираат од таму, го спроведува отстранувањето на оваа напуштена и нефункционална барака за да обезбеди безбеден пристап на учениците до основното училиште „Коле Неделковски“. Со тоа ќе се прошири постојниот влез во ова училиште, со што излегуваме во пресрет на барањата на засегнатите жители, родителите и самото училиште.

„Повторно упатувам апел до сите инвеститори, сопственици на нелегални објекти и доградби да постапуваат по издадените решенија и да го почитуваат законот. Во спротивно, Општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти“, порачува Герасимовски.

Општина Центар до крајот на годината ќе спроведе шест решенија за присилно административно извршување на нелегално поставени објекти и доградби.



Слични Објави