|

Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала „Расадник“

Општина Кисела Вода го презеде управувањето со спортската сала „Расадник“.

Градоначалникот Ѓорѓиевски, кој денес изврши увид во руинираната сала, истакна дека сега, откако Кисела Вода правно управува со неа, ќе почне процес за целосна реконструкција и враќање на сјајот на овој некогашен дом на спортот и спортските великани.

„Со големо задоволство сакам да ве информирам дека, конечно, правно ја вративме салата ‘Расадник’. Ја презедовме без долговите што ги имаше и почнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин ставаме крај на 30-годишната негрижа, која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор, кој од најголема гордост стана најголем срам не само за Кисела Вода туку и за цела Македонија.

Почитувани, од денес вртиме нова страница во приказната за салата „Расадник“. Од денес испишуваме ново поглавје, кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект. „Расадник“ повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на „црвено-црните“ и на сите други значајни клубови. Место од каде што ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде што ќе се слави успехот“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Слични Објави