ОПШТИНА КОЧАНИ АПЛИЦИРА ЗА ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛЕН КОЛЕКТОР ВО ТРКАЊЕ

/

Општина Кочани бара средства од државата за реализација на проект за регулација и заштита на Трканска Река од ерозија и отпадни води и за изградба на фекален колектор.
Техничката документација е подготвена, а според пресметките овој инфраструктурен зафат ќе чини 77, 5 милиони денари.

Со проектот се планира регулација на коритото на Трканска Река на три делници: првата е непосредно покрај регионалниот пат Штип-Кочани, втората се простира низ самото село, а третата е пругоре од селото. Трасата на регулираното корито е со вкупна должина од 1570 м и главного следи природнотокорито на реката.
За уредување на коритото на реката ќе се градат и посебни објекти за осигурување на бреговите, појасни и каскадни прагови, преодни делници и преодни објекти кај мостовите.
Фекалниот колектор, со должина од 1636 м, е проектиран да ги прифати целосно фекалните води од населеното место и тие да се одведат до Пречистителната станица што е во фаза на градба.

Потребната документација е поднесена и Општина Кочани очекува дотација што ќе овозможи реализација на проектот и подобрување на инфраструктурата



Претходна статија

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ШТИП, БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ВЕРСКИ ПРАЗНИК РАМАЗАН БАЈРАМ

Следна статија

АСФАЛТ ЗА УЛИЦИ ВО ШЕСТ НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО КОЧАНИ

Најново од Вести