Општината Разлог во Бугарија и историскиот музеј во градот организираат конкурс за фотографии на тема „Илинден – ден на почит“
Општина Разлог и Историски музеј – Разлог распишaa конкурс за фотографија на тема „Илинден – ден на почит“, посветен на 120 години од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание.
За учество во конкурсот се потребни фотографии на спомен обележја, места и учесници во самите настани од 1903 г од реонот на Разлог, а исто така и фотографии на нивни наследници.
Организаторите велат дека нема старосно ограничување за учество, фотографиите треба се испратат на е-поштата на музејот: [email protected] до 13 септември 2023 година.
