| |

36 години од светскиот рекорд на Стефка Костадинова во скок во височина

Денеска се навршуваат точно 36 години од историскиот настан за Бугарија и за глобалниот спорт – поставувањето на се уште несоборениот светски рекорд од 209 см на бугарската атлетичарка Стефка Костадинова во скок во височина.

На 30 август 1987 година, за време на II Светско првенство во атлетика, гледачите на трибините на Олимпискиот стадион во Рим и милијардите пред ТВ екраните беа сведоци на феноменално достигнување, кое сè уште е недостижно за никој друг на планетата. Од тогаш до денес ниту една жена на светот не скокнала повеќе од Костадинова. Тие 209 сантиметри во италијанската престолнина се дел од неверојатната кариера на Бугарката, признаена како најголема во историјата на оваа дисциплина, а нејзиниот рекорд на рекордите е овековечен пред музејот на МОК во Лозана и во бугарските срца.

Костадинова отсекогаш нагласувала дека светскиот рекорд не е само нејзин, туку и припаѓа на Бугарија. Претседателката на Бугарскиот олимписки комитет потсетува дека ова врвно достигнување и сите нејзини успеси се благодарение на луѓето околу неа, тимот од тренери и специјалисти, спортската школа во Пловдив, клубот Тракија, атлетската федерација, менаџерите и на државата што инвестирала во спортот. И повеќе – благодарение на конкуренцијата од неколку многу талентирани Бугарки во дисциплината во тоа време, претставнички на познатата бугарска школа во скокови, кои ги ”уривале“ ривалите и рекордите.

„Ви благодарам за многуте честитки и додека ја славиме годишнината од светскиот рекорд 209 см, посакувам тој еден ден повторно да биде подобрен од Бугарка“, вели Костадинова.



Слични Објави