| |

Драганов: „Преместувањето на споменикот на советската армија во главниот град нема да биде преседан за Бугарија“

„Преместувањето на споменикот на советската армија во главниот град нема да биде преседан за Бугарија“ вели Георги Драганов, бугарски публицист и кретатор на сајтот „Војна и мир“ за Бугарското национално радио.

„Го имаме прекрасниот пример на градот Плевен. Во центарот на градот, највисокиот споменик беше на советскиот војник „Аљоша“. Во 1992 година, статуата беше отстранета и со години пиедесталот стоеше празен.
Пред неколку години група бугарски патриоти решија да го искористат пиедесталот за да заштедат дополнителни трошоци и наместо советски војник, таму беше поставена статуа на бугарскиот генерал Владимир Вазов, а на неговите четири страни беа поставени бугарски војници. Ова стана прекрасна композиција за Плевен и плевенските војници кои се бореа во пет војни за слобода и независноста на Бугарија и на Бугарите. Кога човек ќе отиде во Плевен, ќе види прекрасен бугарски споменик, кој му раскажува каква е бугарската историја. Кога тоа можеше да се направи во Плевен, ќе се направи и во Софија, во Пловдив, Бургас, Видин, Русе, Крџали – во сите градови во кои комунистите ја користеа својата моќ во симболите“, вели Драганов за БНР.

Слични Објави