| |

THE ECONOMIST: МАКЕДОНИЈА Е ХИБРИДЕН РЕЖИМ

Македонија се најде на 78-мото место и во групата на хибриден режим во најновиот извештај на угледниот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година, пренесува Фокус.

Земјава е во група со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија.

Според податоците од „Економист“ од 2016 година до 2020 Македонија бележи пад во оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6.

Ова е втора поразителна ранг листа која земјава за добива за кратко време. Пред само неколку дена „Транспаренси Интернешнл“ ја смести Македонија на 111 место според индексот на корупција.



Слични Објави