ИРАНСКИОТ ГЕНЕРАЛ ОДГОВОРЕН ЗА СОБОРУВАЊЕТО НА АВИОНОТ: ПОСАКАВ ДА СУМ МРТОВ

Командантот на Иранската револуционерна гарда, генерал Амир Али Хаџизаде, изјавил дека неговата единица презема целосна одговорност за соборувањето на украинскиот патнички авион.

Во обраќањето на државата телевизија, тој рекол дека кога дознал за соборувањето на авионот, при што загинаа 176 луѓе, посакал да е мртов.

Иранската војска призна дека по грешка го соборила авионот мислејќи дека е непријателско летало, по иранскиот напад на воени бази на САД во Ирак.

Нападот беше одмазда за убиството на иранскиот генерал, Касем Сулејмани, по наредба на САД.

Извор: Макфакс