|

БЕСА ПРЕДЛАГА СОЗДАВАЊЕ НА КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФОРМИТЕ ВО ПРАВНИОТ СИСТЕМ

Потпретседателот на Движењето Беса, Абдуш Демири денеска одржа прес-конференција во партиските канцеларии во Тетово на која ја повтори идејата за формирање комисија за спроведување реформи, јавува Лидер.

Според оваа партија, тоа е план за излез од долгата транзиција на реформи на правниот систем.

– Понудата на движењето Беса да се формира државна комисија, без разлика дали е од Парламентот или претседателот на земјата, е искрен и сериозен пристап и решение што ќе донесе одржливи и квалитетни реформи со европските вредности и стандарди. Уште еднаш ја повторуваме потребата за формирање комисија за забрзување на реформите во правосудниот систем, со помош на меѓународните претставници од САД и ЕУ, помагајќи ни да спроведеме значителни и квалитативни неопходни реформи што би резултирале во заокружување на овој процес со ветинг, кој на крајот би го ослободил судството како и целиот правен систем од партизација и политизација од поранешниот системски менталитет и колективниот пристап кон примената на правото. – истакна Демири.

Слични Објави