ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО ПОВИКУВААТ НА МАСОВНОСТ
Организаторите на протестот што треба да се оддржи утре пред Собрание, повикаа на поголема масовност и се оградија од сите политички партии од власта и опозицијата. Активистот Кристијан Узунов истакна дека организаторите на протестот немаат намера да влегуваат во политиката и дека немаат поддршка од ниедна партија, иако самиот истакна дека сите организации, се добродојдени на протестот.
Како што истакна Узунов, главното барање што ќе биде биде испорачано на протестот е итно свикување на владина седница, на којашто главна тема да биде решавањето на проблемот со загадувањето.