| |

П. КОЛЕВ: СДСМ, ДПМНЕ И ДУИ ГО ЗАБОРАВИЈА ВЕРНИОТ ИСТОК

Претседателот на ГДУ Петар Колев, во емисијата „168 Анализи и коментари“ на ТВ Стар изјави дека и покрај фактот што граѓаните од источниот дел на Македонија се најредовните плаќачи на даноци за државата, не добиле речиси ништо од истата.

Колев потсети дека во источниот регион не е изградена ниту една нормална болница, ниту пак е обновено некое училиште.

Првиот човек на ГДУ е дециден дека заради политиката водена од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ источниот дел на државата е заборавен и затоа луѓето се иселуваат од него.

Колев изјави дека неговата партија се уште не добила одговор на прашањето колку од новите фабрики најавени од премиерот Заев ќе се градат во индустриските зони на Истокот.

https://www.facebook.com/petarkolev.officialpage/videos/2751880874925353/


Слични Објави