OБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ГЛОБИ ЗА 22 СКОПЈАНИ КОИ ШЕТАЛЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС
Скопското Обвинителство денеска поднесе казнени налози против 22 лица поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
„Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на разни локации во градот“, велат од Обвинителството.
Обвинителството за сите обвинети му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на износ од 20 евра во денарска противвредност.