|

Јавниот превоз функционира нормално и покрај политичките притисоци , велат од Град Скопје

Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспорти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови потешкотии за граѓаните на градот Скопје, информираат од Град Скопје.

„За жал, дел од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија, предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани.

Во моментов јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски“, потенцираат во соопштението.

Градот Скопје им посакува успешна и безгрижна учебна година на сите ученици, се додава во напишаното.



Слични Објави