| |

СДСМ: РЕШЕН Е ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ СО ВОДАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА, ГРАЃАНИТЕ ДОБИВААТ ИСПРАВНА И ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаа пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Водата во Гевгелија е со висок квалитет, повеќе не содржи арсен и е целосно безбедна за пиење.

Анализите на физичко-хемискиот состав на водата за пиење од трите бунари на новиот водоснабдителен систем, направени од Институтот за јавно здравје на Република Македонија потврдуваат дека во водата воопшто нема арсен и дека квалитетот на водата е во согласност со законските и стручни прописи.

Со тоа, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.

Како одговорна партија, СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со спроведување на мерки и проекти што обезбедуваат здрава животна средина, чиста вода за пиење и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Слични Објави