Бугарската фабрика за оружје ВМЗ – Сопот остварила добивка од 16,9 милиони евра во првата половина од годината
Државната воена фабрика ВМЗ – Сопот во Бугарија остварила добивка од 16,9 милиони евра во првото половина на годината. Информацијата ја соопшти вицепремиерот и министер за економија, инвестиции и индустрија на Бугарија Александар Пулев за време на последната собраниска седница на бугарскиот парламент.
Според Пулев, нема услови за ликвидносна криза, ниту причини за загриженост околу исплатата или намалувањето на платите на вработените.
„ВМЗ има потенцијал да биде едно од најпрофитабилните јавни претпријатија во Бугарија“, изјави Пулев. Тој побарал новото раководство во рок од две недели да подготви амбициозна инвестициска програма, посочувајќи ги модерната производствена база, квалитетните работници, пристапот до деловни партнери и европските механизми за поддршка како предуслови за успех.
