| |

Оркестарот за народна музика на Бугарското национално радио со специјален концерт во Пловдив

Оркестарот за народна музика на Бугарското национално радио на 2 декември ќе настапи пред публиката во Пловдив, Бугарија, со концертот „Фолклор и тракиска традиција“. Концертот е дел од тридневниот музички фестивал „Звук и време“, на кој учествуваат музичките состави на радиото.

Диригентот на Оркестарот за народна музика, Димитар Христов, гостуваше во емисијата „Нашиот ден“, каде што зборуваше за програмата што музичарите ќе ја изведат во Тракија.

„Наши специјални гости ќе бидат Петар Ралчев на хармоника, Пејо Пеев на гадулка, како и истакнатите имиња на тракиското вокално творештво Петја Панева и Димитар Богданов. До пред неколку години Пејо Пеев беше член на нашиот оркестар, а денес предава на Академијата за музичка, танцова и ликовна уметност“, истакна Христов.

Покрај тракиска музика, оркестарот ќе изведе и музика од цела Бугарија. На концертот ќе настапи и Детскиот радиохор под диригентската палка на Венеција Караманова.

„Детската чистота што ја носат во себе, во спој со инструменталната придружба на Оркестарот за народна музика, остава многу убав и ведар впечаток“, изјави Христов.

Диригентот ги истакна и виртуозните солисти на оркестарот – Недјалко Недјалков, Костадин Генчев, Мартин Владимиров, Христина Белева, Борислав Галабов, Петар Миланов и Николај Коџабашев.

Концертот ќе се одржи на 2 декември во 19 часот во салата „С.И.Л.А.“, каде што публиката ќе може да ја слушне разновидната музичка програма.

Повеќе за концертот можете да слушнете во аудиозаписот од разговорот на Ани Маринова со Димитар Христов.

Слични Објави