| |

Османи: ДУИ ќе поддржи Влада без нејзино учество, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени

„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат во сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, објави Османи.

Неговата изјава следи по денешната лидерска средба на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата Ковачевски му понуди на Мицкоски место во Владата ако ги поддржи уставните измени, на што опозицискиот лидер возврасти дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ.

Слични Објави