Зеленски: Русија го користи гладот ​​како оружје

/

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред ирскиот парламент преку видео врска истакна дека Русија го користи гладот ​​како оружје во обидите да освои територии во Украина.

Според Би-Би-Си, Зеленски им рекол на членовите на ирскиот парламент дека руските проектили „ги уништуваат сите работи што се клучни за опстанокот на животот“.

Тој посочи дека руските сили ги блокирале сите украински поморски пристаништа и бродови со храна за извоз.

Украина е еден од најголемите светски производители во областа на земјоделството и храната, а Зеленски предупреди дека потезите на Русија ќе доведат до недостиг и зголемување на цените на храната, што ќе влијае на милиони гладни луѓе ширум светот.

„За нив (Русите) гладот ​​е оружје против нас обичните луѓе и тие го користат како средство за доминација“, додаде украинскиот претседател.



Зеленски побара од ирските политички лидери да го искористат своето влијание и да ги убедат другите земји од Европската унија да воведат уште построги санкции со цел да се запре инвазијата на Путин.

За денеска е најавен состанок на ЕУ на кој ќе се разговара за нови санкции.

Извор: Temite

Претходна статија

Арсовска потпиша Меморандум со УСАИД за подобрено буџетирање на општините

Следна статија

Матичните лекари утре на протест

Најново од Вести