Матичните лекари утре на протест

/

Со мирен протест, кој ќе започне утре напладне пред Министерството за здравство, матичните лекари од земјава ќе го изразат своето незадоволство од, како што велат, немањето слух на здравствените власти за нивните потреби. Симболично, со утрешниот ден – Светскиот ден на здравјето, Здружението на приватни лекари во земјава го организира третиот по ред протест откако претходните два не вродија со плод, а нивните барања не беа исполнети. Меѓу главните барања на матичните лекари е покачувањето на капитацискиот бод од 60 на 90 денари по пациент, според кој Фондот за здравство им исплаќа плата на матичните општи лекари, затоа што како што велат, сè е поскапено, а здравството не е бесплатно. Воедно, додаваат оти 30 години добиваат исплата за нивниот труд со задоцнување од неколку месеци.

Извор: Zoom.mk



Претходна статија

Зеленски: Русија го користи гладот ​​како оружје

Следна статија

Се укинуваат маските во затворен простор, освен во автобусите и здравствените објекти?!

Најново од Вести