| |

ОСМАНИ: ДУИ УЦЕНУВА ЗА ДОБРОТО НА ГРАЃАНИТЕ

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска на прес-конференција изјави дека улогата на ДУИ била клучна на патот на Македонија кон Европската унија. Османи истакна дека ДУИ е заштитник на трите клучни договори, Рамковниот договор, Преспанскиот договор и договорот со Бугарија.
Тој се осврна и на анализите дека ДУИ како коалиционен партнер во Владите ги уценува политичките партии и порача дека тие уценувале, но не за себе, туку за интересот на граѓаните, за да се задржи евроатлантскиот пат на земјава.

„Во последно време се зборува за некакво уценување кое го прави ДУИ кон македонските политички партии па дури сега и двете политичлки партии ги повикуваат граѓаните да освојат 61 пратеник за да не ги уценува ДУИ. Ако уценување е потребата од решавање на името и потребата од отворање на патот кон НАТО, ако уценување е потребата за потпишување на договор со Бугарија, ако уценување е поднесувањето на Законот за јазици за да се релаксираат меѓуетничките односи, да, ДУИ уценуваше, но никогаш за себе, никогаш за партијата секогаш за интересите на граѓаните, секогаш за потребата државата да оди напред.“, рече Османи.



Слични Објави