ОСМАНИ: И ВО ПЕРИОДОТ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ, РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ОСТАНУВА ПРИОРИТЕТ НА ВЛАДАТА

/

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со Министерот за Екомонија, Крешник Бектеши, во рамките на работна посета на Брисел остварија средба со Кристијан Даниелсон, Генерален директор во Директоратот за Европска соседска политика и преговори за проширување на која ја претстави содржината на новиот реформски План 18.

Османи на средбата изрази задоволство од имплементацијата на Планот 3-6-9, особено неговата валоризација во еден од најпозитивните извештаи за Република Македонија, кој беше придружен со чиста и безусловна препорака за преговори од страна на Европската Комисија. „Владата има цврста определба да ја задржи реформската агенда на врвот на листата приоритети и по завршувањето на имплементацијата на Планот 3-6-9, за што, Секретаријатот за европски прашања презеде обврска и изготви нов реформски план за 2018 година, чија реализација треба да заврши со излегувањето на новиот извештај на Европската Комисија на почетокот од следната година.“, изјави Османи.

Во продолжение Вицепремиерот потенцираше дека Планот 3-6-9 создаде солидна основа и подготовка за имплементација на суштинските и долгорочните реформи во насока на приближување на нашето општество со европското, при што, Планот 18 претставува логично продолжение на реформската агенда на Владата за системска координација и следење на имплементацијата на овие реформи. Во овој контекст тој додаде дека во новиот реформски план влегуваат сите забелешки и сугестии нотирани во Извештајот на Европската Комисија, а истиот ги зема предвид и насоките кои се содржат во шесте водечки иницијативи на Стратегијата на Европската Комисија.



Османи побара од Генералниот директор во Директоратот за Европска соседска политика и преговори за проширување, Даниелсон и од претставниците на Директоратот и тие да придонесат со свои забелешки, сугестии и коментари при финализацијата на содржината на Планот, кој следната недела се очекува да биде усвоен од страна на Владата.



Претходна статија

СУДЕЊЕТО ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛА ПРОДОЛЖУВА НА 11 ЈУНИ

Следна статија

(ВО ЖИВО) ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕЛА

Најново од Вести