|

ОСМАНИ: ИВЗ ЌЕ ВОВЕДЕ МЕРКИ ПО ОТВОРАЊЕТО НА ЏАМИИТЕ

Главниот координатор на кризните штабови на општините и заменик премиер Бујар Османи при посетата на Тетово истакна дека со раководството на Исламската верска заедница разговарале за спроведување на мерките за запштита на верниците по одлуката да се дозволи посета на џамиите за молитви од 12 мај.

„Тие одлуката ја имаат донесено врз основа на новите бројките што се во опаѓање и поради фактот дека некои земји во регионот и пошироко во светот носат одлуки да се отворат верските објекти. Разговаравме вчера за подготвување сет на мерки што треба да се имплементираат. Тие се спремни сите мерки кои ние ќе ги дадеме во смисла на одржување на доволна дистанца и одредени мерки за лична заштита, верниците да ги почитуваат при извршување на верските обреди“, рече Османи.



Слични Објави