ОСМАНИ: НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ, ЈАС ВЕ УВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ
Министерот за надоврешни работи, денеска по положувањето на цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски потенцираше дека Владата не се откажува од членството во ЕУ и покрај блокадата од Бугарија.
„Ќе се надминат и овие разлики. Замислете што ќе се случеше ако се откажевме од НАТО во последните 30 години. Сега немаше да бидеме членка на Алијансата. Или кога Франција стави вето, да се откажевме. Но ние одевме по тој пат, и потоа добивме препорака. И сега не се откажуваме. Jас ве уверувам дека после членството во НАТО, ќе станеме членка и на ЕУ. Тоа и го очекуваат нашите граѓани.“, рече Османи.
Тој истакна дека е добро што соседна Бугарија го признава идентитетот.
„И самата Бугарија кажа дека не ги спори идентитетски атрибути“, рече Османи кој порача историчарите да ги продолжат разговорите околу тие прашања.

