Османи пред БНТ: Сите прашања за нашиот однос кон Бугарија од времето на Југославија мора да се поправат

//

„Склон сум да предложам да влеземе во разговор за можна промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Заедничката историска комисија. Ова ексклузивно за БНТ го изјави министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи.

„Односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не треба да влегуваат во состојба на замрзнат конфликт“, вели Османи.

Вечерва во емисијата „ Уште од денот“ на Бугарската национална телевизија ќе се емитува првото интервју за бугарски медиум на Бујар Османи, откако новата влада во Скопје положи заклетва.



„На народот на Република Северна Македонија не му е толку јасно објаснето дека не преговараме за идентитетот и јазикот“, вели Османи во интервјуто за БНТ.

„За говорот на омраза: има два аспекта. Ние веќе не сме во сојуз со Југославија, но сакаме да влеземе во сојуз со Бугарија. Сите прашања за нашиот однос кон Бугарија останати од времето на Југославија мора да се поправат“, вели министерот за надворешни работи на РС Македонија.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на зимскиот распуст за две седмици

Следна статија

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Најново од Вести