Османи се сретна со новата украинска амбасадорка: Северна Македонија со силна поддршка за Украина
Минисерот за надворешни работи Бујар Османи имаше средба со новоименуваната амбасадорка на Украина во Скопје Лариса Дир, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.
-Ѝ посакав успех во дипломатската мисија, со уверување дека со своето искуство и лични заложби ќе придонесе за понатамошно зајакнување на билатералните односи. Северна Македонија со силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и готовност за понатамошна помош во соочувањето со предизвиците од руската воена агресија, порача Османи.
Извор: Zoom. mk

