МВР откри 100 стебла марихуана во тетовско, тројца лишени од слобода

/

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 18 часот, ги лишиле од слобода А.Ш. (24), Р.К.(30) и И.Т. (26), тројцата од Скопје, кои биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде се сомничат дека одгледувале „канабис сатива”. На таа локација се откриени околу 100 стебла насади „канабис сатива”, дел засадени во земја, а дел во саксии.

„Пронајдениот „канабис” и повеќе други предмети се фотодокументирани и подигнати за вештачење. Трите лица, во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на денот тројцата бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.



Претходна статија

Шекеринска на меѓународниот GLOBSEC Форум во Братислава

Следна статија

Двајца осомничени за напад врз полициски службеници во Струга

Најново од Вести