ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА ШПАНИЈА

//

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, работната посета на Кралството Шпанија, ја започна на средба со Марија Аурора Мехија, директор за ЕУ и надворешно-политички советник на премиерот, Санчез.

Централна тема на средбата беше европското досие на Република Северна Македонија, и поддршката на Мадрид за европските интеграции на земјата.

Османи ги претстави последните актуелности поврзани со реформскиот напредок на земјата, со посебен акцент на преземените активности во борбата против корупцијата и организираниот криминал. На маса беа ставени и регионалните односи и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан, со посебен фокус на политиките на добрососедство.

Покрај европското досие, соговорниците разговараа и за можностите од продлабочување на економските односи, меѓусебната поддршка во мултилатералните организации и секторската соработка меѓу двете држави, а беше дискутирано и за претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во текот на 2023 година.



Османи за време на работната посета на Шпанија се сретна и со Зураб Пололикашвили, генерален секретар на Светската туристичка организација, каде централна тема беа последиците од пандемијата КОВИД врз оваа индустрија, како и проекциите за условите и динамика за нормализацијата во овој сектор.

Во текот на денот, следи централната средба на Османи со неговиот домаќин, министерката за надворешни работи, Европска унија и за соработка на Кралството Шпанија, г-ѓа Аранча Гонзалес Лаја, како и со претседателот на Комисијата за надворешни работи во Сенатот, Антонио Гутиерез Лимонес.

Извор: Макфакс

Претходна статија

МВР: 23 ЛИЦА НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛЕ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ, РЕГИСТРИРАНИ 455 САНКЦИИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКИ

Следна статија

ВО ГЕРМАНИЈА БРИТАНСКИОТ ВИД ЦЕЛОСНО ГО ПОТИСНА ИЗВОРНИОТ ВИРУС

Најново од Вести