Основците од утре без маски во училиштата
Владата на денешната седница донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките што важеа за учениците во основните училишта, соопшти Министерството за образование и наука.
– Основците ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска. Одлуката стапува на сила од утре и важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести, се додава во соопштението.
Сепак, оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект.