Основната градба на бугарскиот православен храм „Св. Јован Рилски“ во Лондон е готова на 80%
Основната градба на бугарскиот православен храм „Св. Јован Рилски“ во Лондон е готова на 80%. Се очекува официјално храмот да биде отворен во крајот на февруари. Како што е познато црквата „Св. Јован Рилски“ се наоѓа во Кенсингтон и ќе биде единствената православна црква во строгиот центар на Лондон.

„Повеќеилјадната бугарска дијаспора во Лондон и неговата околина беше единствената православна заедница без своја црква во британската престолнина.Тоа беше неприфатливо бидејќи бугарскиот народ од времето на Светите браќа Кирил и Методиј, св. Климент Охридски и воопшто Првото Бугарско Царство беше еден од столбовите на православната вера Сега со дарежливоста на нашата заедница, со благослов на Бугарската православна црква и со помош на владата ќе имаме достоен храм во Кенсингтон. Ова ќе биде единствениот православен храм на оваа централна и престижна локација во Лондон“, вели амбасадорот Раjков, специјално за „Трибуна“.
Потсетуваме дека изградбата на внатрешниот дел на храмот започна пред речиси две недели. На 4 ноември минатата година во присуство на Западно и средно европскиот митрополит Антониј и тогашниот амбасадор на Бугарија во Лондон, Марин Рајков, беше започната донаторска акција за изградба на храмот.
Во моментот Бугарите, православни христијани, за своите потреби користат параклис на територијата на бугарската амбасада во Лондон.

