Основната јавна обвинителка Русковска се сретна со евроамбасадорот Гир

/

Основната јавна обвинителка, Вилма Русковска, вчера беше домаќин на претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјата, предводени од амбасадорот Дејвид Гир.

Едночасовната средба беше од протоколарен карактер и се одржа во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Амбасадор Гир покажа интерес за функционирањето на Обвинителството, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории.



Истакнувајќи го своето задоволство за работењето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, амбасадорот понуди помош од Европската Унија за уште поефикасно и поефективно работење на ова обвинителство.

Извор: Темите

Претходна статија

Кривична против раководителката во Центарот за вработување, од службена картичка потрошила над 10.000 евра

Следна статија

473 нови случаи на Ковид-19 и вкупно 18 починати

Најново од Вести