ОСУДЕНИТЕ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ НЕ ГО ПРИЗНАВААТ СУДОТ- ГИ БАРААТ ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ ЗА СВЕДОЦИ
„За нас судот не постои. Ова е Албанија. Адвокатите кои ни се доделени немаат право да говорат наместо нас. Четири години слушаме, сега послушајте нè нас“, рече Генц Сефај, осуден за „Диво насеље“, јавува Макфакс
Осудениците пред Судот кажаа дека целиот судски процес е изрежиран од страна на коалицијата Груевски – Ахмети и побараа како сведоци да бидат прифатени екс-премиерот Никола Груевски, екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДУИ Али Ахмети, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Стојанче Ангелов, Муса Џафери, Садула Дураки и останати високи поранешни и актуелни функционери на ДУИ.