НЕ БИЛО ШПЕКУЛАЦИЈА: СИТИ ЧЕКОР ПОБЛИЗУ ДО ИСФРЛАЊЕ ОД ЛШ!

Вести Спорт

Старо-новиот англиски првак Манчестер сити се најде чекор поблизу до исфрлање од Лигата на шампионите, откако Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска објави дека главниот истражител од финансиското тело на европската централа го предал случајот на комисијата за финансиски фер-плеј и дека таа сега е задолжена за изрекување на казна или некаква суспензија.

Одлуката да се предаде Сити на комисијата за финансиски фер-плеј, доаѓа откако во изминатите неколку дена „граѓаните“ ги немантираа шпекулациите на Њујорк Тајмс дека се соочуваат со суспензија од ЛШ поради прекршување на правилникот за чисти финансии. Но, очигледно пишувањата на Њујорк Тајмс не биле шпекулации, туку тие сега се обвистинија.

УЕФА објави дека главниот истражител на контролното финансиско тело (ЦФЦБ) после консултација со независните членови го предал случајот на комисијата, откако ја затворил истрагата. Истрагата е започната на 7 март 2019 за можни прекршувања на правилата за финансискиот фер-плеј и УЕФА објави дека нема да коментира ништо за случајот до донесување на одлуката од ЦФЦБ.

Од Манчестер сити објавија дека не знаат какви казни побарал истражителот Ив Летерм, кој ја отворил истрагата по пишувањата на „Шпигел“ околу финансиските малверзации со спонзорските договори на „граѓаните“, со што практично се урива комплетната структура на финансискиот фер-плеј.

„Манчестер сити е убеден во позитивен исход, која случајот ќе дојде кај независно судско тело. Одлуката да бидеме предадени на комисијата содржи грешки, лоши интерпретации на суштината на проблемот, како и збунувачки делови“, објави Сити во соопштение.

Ако УЕФА го исфрли Сити, тоа нема да значи суспензија за следната сезона, но може да таа потоа, зашто граѓаните ќе имаат право на жалба, а потоа и процес во Лозана, што би ја одложиле суспензијата за сезоната потоа. Сити исто така може да се соочи со забрана за трансфери, но и парична казна.

Извор: Спорт1